486
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на средбата со германските пратеници, го покани официјален Брисел да го зајакне посредничкиот тим помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и со свои експерти да го следи случајот „Пуч“.
Исто така, од ДУИ соопштија дека Ахмети побарал и официјален Брисел да формира експертски и политички тим за да ја врати доверливоста и кредибилитетот меѓу засегнатите страни.
„Резервите на граѓаните во судството се огромни“, истакнал тој, додавајќи дека државата се соочува со предизвици во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите.