Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во обраќање пред јавноста по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик.
„Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден“, рече Ахмети.
Тој најави дека зелената агенда станува дел од ДУИ.
„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НАТО, правична застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот“, истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.
Според него дојдено е време да се прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.
„На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, истакна Ахмети.