ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласиле за правење влада бидејќи Никола Груевски не сакал да го прифати условот за продолжување на работат на СЈО, рече вечерва лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за тетовската телевизија Арт, а пренесе НоваТВ.
-Главниот проблем се јави бидејќи ние поставивме некои услови. Ние се залагаме сите партии да го прифатат СЈО, а ВМРО-ДПМНЕ тоа не го направи. Не можевме да брзаме со одлуката само затоа што некому му се брзаше. Не можевме да преземене незамислени чекори, се работи за иднината на земјата. Реков во некои медиуми дека Албанците нема да бидат разочарани. Имавме отворена внатрепартиска дебата и не можевме да отстапиме од петте барања кои ги имавме- рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека во неговата партија нема фракции и дека потпретседателите на партијата не отишле во СДСМ на своја рака.