Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на лидерската средба со Никола Груевски, Зоран Заев и Мендух Тачи, предложил да се отпочне политички дијалог со цел да се надмине политичката криза во која државата западна по објавувањето на аферата со прислушувањето, брифираат партиски извори.
Засега од двете најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека ги образложуваат причините за своите почетни позиции од кои, како што истакнуваат, во моментот не отстапуваат.
Лидерската средба во моментот е во прекин, поради пауза. Лидерите во моментот се во дворот на Клубот на новинари, каде што се оддржува средбата. Она што паѓа во очи е што лидерите на ДУИ и ДПА, Ахмати и Тачи, на паузата седат заедно, а Груевски и Заев им се придружија на своите тимови, најверојатно за консултација.
На почетокот се претпоставуваше дека лидерите добиле можно решение или предлог за излез од кризата од претставниците на меѓународната заедница, американскиот амбасадор Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ, Аиво Орав, кои исто така присуствуваа на средбата, но, сепак, според политичките партии, немало никаков конкретен предлог.