ДУИ е силно движење, а од нејзиното основање се прават обиди да се уништи, но реков дека оваа организација не исчезнува. ДУИ ги има своите темели во крвта на идеалистите и мисионерите на нацијата, затоа не се грижете што велат дека ќе добиеме болви, затоа што ДУИ е правилно формирана и организирана со докажани професионалци, истакна вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети во Чаир, каде се одржа настан за промоција на проектите на Секретаријатите на чаискиот огранок.
„ДУИ веќе ја започна иницијативата за ‘Фронтот за ЕУ’, бидејќи пред нас имаме важни предизвици, затоа што ДУИ не сака поделби, туку соработка и заедно да одиме напред кон подобра иднина. ДУИ поддржува напредок и тоа секогаш ќе остане така“, истакна Ахмети.
Во своето излагање пред присутните, првиот вицепремиер Артан Груби истакна дека преку 40 проекти презентирани на овој настан ја предизвикуваат Владата да ги исполни и реализира.
Според него, најголемото достигнување на ДУИ е довербата
„Овие проекти ќе бидат објавени во заедничка брошура, за да ние како Влада ги поддржиме истите, предизвикувајќи не да ги прифатиме и реализираме. Не предизвикувате да ве поддржиме и заедно да ги реализираме овие идеи. Анализирајте ја програмата на ДУИ и видете колку проекти имаме завршено до сега, најголемото достигнување на ДУИ е довербата, бидејќи нема семејство или граѓанин што не кажува дека сме горди што имаме премиер Албанец. Имаме изградено капацитети кои денес ја водат државата, некогаш недостигаа кадри, но денес имаме капацитети кои соодветно не претставуваат“, додаде Груби.