Ахмети повика да се иницираат истраги за сите кои биле на раководни функции, почнувајќи од него

by Fokus

Нашите политички противници нека се подготват за новиот предизвик кој следи следната година на локалните избори, истакна Али Ахмети, лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во обраќањето на прославата за 22 години од формирањето на оваа политичка партија, а посветено на актуелните превирања во албанскиот блок по парламентарните избори.

– Секој може да добие мандат да формира влада, но не може секој да добие мандат да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во таа влада, рече Ахмети, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, од каде најавија формирање на нова влада.

Ахмети пред сопартијците во ресторанот „Нов Албис“ во гостиварска Долна Бањица првиот дел од неговото обраќање го посвети на достигнувањата на оваа политичка партија низ двете децении делување. Тој ги наброја речиси сите изборни циклуси, во кои, како што напомена, извојувале победи.

Тој говореше и за актуелната состојба осврнувајќи се на прозивките од одредени лидери на партии за одговорност и вмешаност во корупција на кадрите на ДУИ и јавно побара соодветните институции да иницираат постапки.

– Седум години се обидуваат нè оцрнат и се занимаваат со ДУИ. Ги повикувам органите да иницираат истраги за сите кои биле на раководни функции, почнувајќи од мене, рече Ахмети.

Поврзани новости