389
Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка криза, предупредил Али Ахмети на средбата со Федерика Могерини.
На шефицата на европската дипломатија, Ахмети и рекол дека ДУИ ќе остане посветена да се постигне политичко решение за излез од кризата.
Владеењето на правото, владеењето на законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и добрососедски односи како и интеграцијата во НАТО и ЕУ се нашите приоритети – нагласил Ахмети.