Могерини: Иванов да ја повлече одлуката и да му го даде мандатот на Заев

by fokus 20:41
20:41

Европската унија е загрижена за моменталната состојба во Македонија и очекува што побрзо, земјата да се врати на демократските процеси, порача шефицата на Европската дипломатија, Федерика Могерини по средбата со политичките лидери и претседателот Ѓорге Иванов.

Затоа, таа го повика претседателот да ја повлече одлуката и да му го додели мандатот за состав на влада на Зоран Заев.

– Разговарав со Иванов и го замолив да ја преиспита и да ја повлече одлуката, и да го додели мандатот на оној кој обезбедил парламентарно мнозинство затоа што тоа стои запишано во вашиот Устав – рече Могерини и порача дека ЕУ очекува Македонија набрзо да се врати на патот на евроинтеграциите.

Нагласувајќи ја комплексноста на државата и ситуацијата во моментов таа повика да се избегнува разгорување на меѓуетнички конфликти.

Поврзани новости