Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Патот кон…“ на Алсат изјави дека побарал од Специјалното обвинителство да спроведе истрага за досегашната работа на сите функционери на неговата партија, почнувајќи од него. Тоа, според Ахмети, треба да го направи секоја партија за да се избегнат сомневањата за криминал кај функционерите.
„Јас официјално побарав од Обвинителството и барам сите политички партии да го сторат истото, да се истражат сите функционери, почнувајќи од назначувањето, без разлика дали дали функцијата ја извршувал 5 или 10 години. ДУИ во оваа држава владее заеднички и јас побарав официјално и од Државното обвинителство и од СЈО и сам се сретнав лично со госпоѓата Јаневска, отворена е истражна постапка, почнувајќи од мене и се бара сета документација во сите државни институции.“ – изјави Али Ахмети, Претседател на ДУИ
Дали оваа истрага е завршена? Дали ова ваше барање добило некаков епилог?
„Јас сметам дека не е завршена како истрага бидејќи да бараш истрага за 15 години делување на ДУИ и таа истрага да заврши за 5-6 месеци, толку има откако поднесов барање, но распрашајте се во државните органи. Барањето е за сите функционери на ДУИ.“ – одговори Ахмети.