Ахмети побара НАТО да помогне во спорот со Грција

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го повика новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг што поскоро да се вклучи директно и активно во олеснувањето на процесот за решавањето на прашањето за името меѓу Скопје и Атина.

– Нашата заедничка задача ќе заврши само кога Македонија ќе се построи заедно, рамо до рамо, со сојузниците во Брисел. Повторувам, за сите нас при Деморатската Унија за Интеграција, НАТО нема алтернатива, бидејќи овој интегративен процес обезбедува одржлив мир, сигурност и стабилност, просперитет и економски развој. Членството на Македонија и регионот во НАТО не e провокација кон никого, туку претставува само исполнување на очекувањата на граѓаните во нашата земја и овој процес e еднонасочен пат од кoj нема враќање – вели Ахмети во писмото што го пратил до наследникот на Андерс Фог Расмусен.

 

Поврзани новости