Ахмети: Ова со прислушувањето не е добро за државата

by Фокус
Ова што се случува со прислушувањето не е добро за државата и домашните институции треба да покажат демократски и институционален капацитет за да се справат со ситуацијата, порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбсадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет, соопштија од партијата.
„Автентичноста на прислушкувањата треба да се утврди од страна на Судот, но, исто така, треба да се стави политички дијалог меѓу политичките партии во земјата. Двата овие процеси треба да се олеснат и со надзор од страна на официјален Брисел со активно учество не само на Европскиот Парламент, но и на Комисијата“, рекол, според соопштението на „интегративците“, Ахмети пред Брет.

Поврзани новости