659
-Ова е голем ден за Македонија. На крај сите парламентарни партии постигнаа договор дека се исполнети сите услови за организирање на фер, демократски и слободни избори, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по потпишувањето на договорот за избори на 11-ти декември.
Ахмети додаде дека е договорено од 2 септември да почне почитувањето на сите рокови што се пропишани во договорот, во што меѓудругото спаѓа и формирање на техничка Влада до петок и враќање на опозициските министри.