Бејли: Будно ќе ги следиме изборите

by fokus

Амбасадорот на САД во Македонија Џејс Бејли и претставникот на ЕУ Лукаш Холуб го поздравија договорот меѓу четирите политички партии за избори на 11-ти декември.

Бејли порача дека меѓународната заедница будно ќе ги следи изборите и ќе направи се за тие да бидат фер и демократски.

– САД и ЕУ се горди што помогнаа во договорот и мислиме дека ова е многу важен чекор за земјата. Ќе продолжиме да работиме за одржување на фер избори и да се гласа без страв кај граѓаните. На крајот од денот најважно е што ќе направат партиите, медиумите и граѓаните, кои ќе одлучат дали земјата ќе се движи напред кон евроаталантскиот пат во полето на владеењето на правото, медиумите и другите прашања. Ве повикувам медиумите да ги информирате граѓаните за кандидатите- порача Бејли.

Поврзани новости