Ахмети опуштено со цигара во рака, а Груби порачува да се запамети денов

by Fokus

Вицепремиерот, Артан Груби, објави фотографија од видео повик со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во опуштена атмосфера со цигара во рака. Груби им порачува на своите пријатели да го запаметат овој ден. Изгледа на овој начин Груби и Ахмети си го прославија денот.

„Треба да биде забавно вечерва“, пишува Груби на својата фејсбук објава.

Во контекст на денот Груби најверојатно мисли на денешниот почеток на изградба на Коридор 8. Капиталната инвестиција на Владата денеска беше промовирана во присуство на целиот владин врв, а присутен беше и Ахмети. Сепак остануваат во сенка превирањата во ДУИ и последните случувања кога „огнената група“ која е во директен судир со Груби, најави дека ќе функционира како фракција.

Поврзани новости