Ахмети оди да слави победа во Кичево

by Fokus

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Тој посочи дека во вториот круг извесна е победата на партијата во неколку општини.

-Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница и Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново, изјави Али Ахмети.

На крајот од обраќањето до новинарите лидерот на ДУИ рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освоеното градоначалничко место со сопартијците.

Поврзани новости