398
ДУИ вечерва го одржа последниот митинг во Тетово. Тука, лидерот Али Ахмети им порача на Албанците да се обединат за да добијат повеќе пратеници, повикувајќи ги да гласаат за неговата партија.
-Луѓето бараат мир и сигурност, а кој може подобро да изгради таква држава од оние што воделе војна за поголеми права. Секаде каде бевме за време на оваа кампања, повикувавме на обединување, а не на делење на Албанците. Затоа и ги повикав новоформираните партии и движења да се обединат и така да ја победат ДУИ, а не вака разединети со што само може да загубиме пратенички места како Албанци. Ние веќе не сме политичка партија, туку платформа на народот и нема цена што може да се плати за нашата слобода што сме ја добиле со крв – порача Ахмети.