496
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира нападот на негов функционер врз полициска службеничка. По денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ахмети рече дека со случајот треба да се занимаваат надлежните институции.
-Не разговаравме за изолирани ситуации, со тоа нека се занимаваат органите на правдата – рече Ахмети откако претседателот на општинската организација на ДУИ, Беќир Асани, нападна полициска службеничка бидејќи пајак му ја подигнал колата.