783
Идејата за прв премиер Албанец ДУИ не ја предложил за да се шегува, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во Скопје.
-Ние оваа идеја сме ја предложиле за да ја материјализираме и така ќе биде затоа што е легитимно право, неприкосновено право на Албанците. Но, жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им фали знаењето на Насер Зибери. Насер Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Од овде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанците на 15 јули да ми го дадат мечот и ќе видите како ќе ги ставам во функција моите раце – рече Ахмети.