Брнабиќ: Со мирните протести покажуваме демократски капацитет

by Фокус

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва порача дека Србија секогаш е отворена за мирни протести, бидејќи, според неа, со тоа го покажува својот демократски капацитет.

-Единствена и најважна борба која мораме да ја победиме е коронавирусот. Не може Владата сама, не може Владата со претседателот, туку сите заедно – нагласи српската премиерка.

Таа изрази задоволство што вечерва на протестот пред зградата на Парламентот во Белград нема хулигани.

Поврзани новости