Ахмети: Не се разговараше за оставка на Груби

by fokus

ДУИ во текот на денешниот ден одржа состанок на Централното раководство. По завршувањето, лидерот Али Ахмети ги демантраше вестите дека се разговарало за оставка на Груби.

Ахмети истакна дека состаноците на оваа ниво во последните месеци не се одржувале како резултат на пандемијата КОВИД-19 и затоа имало потреба од дебата и дискусија, во кој случај вечерва беа расчистени сите дилеми и не се остави простор за други алиби.

„Не се работи за одлуки, тоа е потреба на време бидејќи епидемијата
предизвикана од КОВИД 19 го направи своето. Целта на овој состанок беше јавноста да види директно дека Демократската Унија за Интеграција е и ќе биде сплотена и уште подобро организирана. Дискутирани се сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека се е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати.
ДУИ е на пат да преземе нови одговорности. Не се зборуваше за оставки, туку само за напредок„ рече претседателот Ахмети по состанокот на централното раководство на ДУИ.

Од Демократската Унија за Интеграција по состанокот на Централното
претседателство, тие исто така најавија дека вечерва разговарале за
принципите, стратегијата и сите задачи и обврски што ги очекуваат како учесници во владата.

Поврзани новости