Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам.
Ова е одговорот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој по професија е невролог, на прашањето на медиумите откако по критиките упатени до ДУИ и Ахмети, сега Таравари е на чекор до коалиција со ДУИ и СДСМ.
Господине Таравари, сега седнувате на иста маса заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Каква е неговата здравствена состојба?
– Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам – изјави вчера Таравари, јавува Алсат.
Претходно Таравари изјавуваше дека Ахмети има вистински здравствени проблеми и му посакувам час поскоро да има успешна пензија.