Во Словенија уапсени руски шпиони

by fokus

Министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани обвинети за шпионажа се припадници на руската разузнавачка служба.

Мажот и жената со аргентинско државјанство биле уапсени во декември под сомнение дека дејствувале против националните интереси на Словенија.

Фајон кажа дека се уште не го поканила рускиот амбасадор во Словенија во министерството за надворешни работи.

Обвинителството во понеделникот потврди дека Националната истражна канцеларија, врз основа на податоците на Словенечката агенција за разузнавање и безбедност (Сова), во декември привела двајца странски државјани обвинети за шпионирање за Русија.

Судот им одреди притвор и им се заканува казна затвор до осум години.

Поврзани новости