448
Во седиштето на Демократката унија за интеграција денеска претседателот на партијата, Али Ахмети, се сретна со амбасадорите на неколку амбасадори на земјите членки на ЕУ – амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Шведска во Македонија Матс Стафансон и амбасадорот на Германија Марко Акуатичи, соопшти ДУИ.
-На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот на Собранието на Македонија од парламентарното мнозинство и ја потврдија целосната поддршка од ЕУ, во однос на формирањето на извршните органи, со цел земјата преку нова и реформска влада, да го продолжи што поскоро патот на интегративните процеси кон ЕУ и НАТО“, соопшти ДУИ.