Сведоштво на полицаецот кој го спаси Села: На хулиганите им реков дека е мртов и го извлеков

by fokus

Припадникот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско Оризаре за Алсат –М, раскажува за тешките моменти што ги минал кога го спасувал Села од насилниците.

– Беше тежок момент. Ме викна моја колешка и ми рече „Фетах, дојди зашто го убиле Села“. Претходно, неколку минути бев во несвест, но Господ ми даде сила да трчам долу до првиот спрат. Кога дојдов до клубот на пратениците, го видов Села како лежи целиот облеан во крв. И јас помислив дека е мртов. Но, забележав дека дише, дека има пулс. Таму беа двајца хулигани на кои им реков „тргнете се зашто е мртов“, а тие помислија дека работата е завршена – изјави Абдулатиф Алими, член на обезбедување на Собранието од МВР.

Поврзани новости