„Албанската илегала-претходник на распадот на Југославија“, е наслов на книгата во два тома каде се пишува за отпорот на Албанците против Југославија, која беше промовирана денеска под покровителство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Кога излезе да зборува, Ахмети призна дека не ја прочитал, но од тоа што го слушнал, според него, во оваа книга се сите вистини за Албанците од поранешна Југославија. Тој потоа зборуваше за тоа што самиот тој преживеал.
-Генералите кои ни предаваа од Албанија ги знаеја и гнездата на ластовичките во касарните на Југославија и ние ги знаевме сите ластовички соработници на УДБА, кои се и секој што леташе на секој аеродром во Европа во тек на 24 часа, знаевме каде е и што прави – рече Ахмети.
Скендер Асани, еден од авторите на книгата, рече дека тоа што го сработиле има за цел изнесување на историските вистини, како и спречување историски манипулации.