749
Некогаш СДСМ, а денес ВМРО-ДПМНЕ. Иста кампања, ист наратив и иста стратегија, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во коментар на социјалните мрежи, кој доаѓа по изјавата на Христијан Мицкоски дека ДУИ треба да оди во опозицијата.
Според Ахмети, ова не е ништо ново туку веќе виден филм само со различни актери.
„Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата и одредуваат кој ќе ја има одговорноста за водење на државата согласно нивните очекувања“, вели Ахмети.
Лидерот на ДУИ порачува дека гласот на граѓаните во едно демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки и тоа мора да го почитуваат сите чија цел да еден ден да преземат одговорност и да ја водат државата.