Загина маж во сообраќајка кај Хиподром

by fokus

Едно лице загина во тешка сообраќајка што се случила синоќа на автопатот „Пријателство“ во близина на клучката „Хиподром“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајката се случила вчеравечер, десетина минути пред 20 часот, а загинатото лице е 56-годишен маж од скопското село Јурумлери.

Тој управувал со возило „опел астра“, а до несреќата дошло кога се судрил со „ауди“ со кое управувала 41-годишна жена од Виница.

„На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ’Св. Наум Охридски‘ Скопје“, соопштија од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на загинатиот е дадено на обдукција.

Поврзани новости