439
Од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Македонија.
„Денешниот ден на независност го одбележуваме на само чекор до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир, еднаквост и евроатланатска интеграција. Нашето денешно општество е сплотено со една цел, еднаква и евроатлантска Македонија. Нашата заедничка иднина е предодредена да припаѓа кон Запад“, се наведува во честитката на ДУИ.
Од партијата додаваат дека сме пред голема, историска одлука, одлука за Македонија целосно и полноправно интегрирана во НАТО и ЕУ и дека друга алтернатива, друга опција или друг пат не постои.