Османи: Најцврсти решенија се на историчарите без влијание на политичарите

by Фокус

Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да одржи средба и пред декември, со што ќе компензираат тоа што во текот на изборите го изгубија како момент и од пандемијата, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Канал 5. Тој рече дека и претходно и сега инсистира во Комисијата да има и член Албанец, бидејќи, според него, ова е заедничка битка и дека заедничкиот ангажман за ова прашање ќе не зближи многу.

-Тука е можност да се создаде блискост, но и да се остава наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение и се разбира дека јас ги  согледувам работите и го утврдувам моментот кога е тоа најдобро да се направи за да не се направи штета на процесот- рече Османи.

Според него, Комисијата е инструментот за решавање на проблемот со Бугарија и дека тоа што ќе произлезе од неа е најодржливото решение.

-Теоретски, може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија, а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги спори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци – cистакна Османи.

Поврзани новости