507
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на денешната средба со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, истакна дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот следната недела на Алијансата во Брисел, откако минатиот месец земјава добила и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Според соопштението од ДУИ, Ахмети ја истакнал посебната важност на судските реформи, системските реформи и владеењето на правото, како предуслов за економски развој и кредибилитет на институциите.
Амбасадорката Тејада, пак, ги елаборира проектите поддржани од Швајцарија во Македонија, вклучувајќи ги и активностите предвидени во однос на соработката со политичките партии.