Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, порачал денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со шефицата на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен.
„По откажувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април и 5 јуни, претседателот Ахмети оцени дека земјата не треба повторно да се соочи со ваква несигурност која предизвикува институционална нестабилност, но, пред да се разговара за избори, партиите првин треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот. Прашањето за чистење на избирачкиот список и прашањето за медиумите може да се решат ефикасно ако нема опструкции од страна на политичките партии“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.
Освен за актуеланта политичка состојба, на средбата се разговарало и за анализата на Охридскиот Договор, за што Ахмети порачал дека треба да се надминат предрасудите, особено за службената употреба на албанскиот јазик.