ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ паѓа во транс за основањето на нов универзитет

by fokus

Од владејачката партија се огласија на реакциите од СДСМ против одлуката за отворање нов универзитет  во Скопје, која денеска по брза постапка беше донесена во Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ биле против подостапно високо образование во Македонија и сакале да одлучуваат кој треба, а кој не смее да се школува во државата.

-Истата реторика против основање на нов државен универзитет ја имаше и во 2007 година при основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. И тогаш СДСМ паѓаше во транс против отворањето на универзитетот кој денес е втор по квалитет во Република Македонија, исто како што денес не може да прифати, а камо ли да ја поздрави одлуката за основање на нов државен универзитет – стои во партиското соопштение.

Поврзани новости