Ахмети ќе ја отвори душата за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неговите мемоари

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во „Отвореното студио“ на 1ТВ на прашањето, како е да се соработува со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ, избегна да одговори, велејќи дека за да даде одоговр на тоа прашање ќе треба да ја отвори неговата душа.

– Никогаш не сум сметал дали ќе победам на следните избори. Секогаш сум правел анализа со сите мои соработници, што да направиме подобро за да ги привижиме работите напред. И секако дека ова резултираше со успех. Никогаш не сум ја напуштил комуникацијата со опозицијата, и во тоа време кога СДСМ беше опозиција ние имавме состаноци со Заев, и тие состаноци не сум ги правел тајно за да работам зад грбот на тогашниот партнер ВМРО ДПМНЕ, туку било објавувано во медиумите. Интересите на граѓаните секогаш ми биле на прво место, потоа партиските, а дури потоа моите лични. Јас сум голтнал и работи што не се голтаат – рече Ахмети.

Деталите за тоа какво е чувството да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ најави дека  ќе ги објави во неговите мемоари.

Поврзани новости