508
Али Ахмети, лидерот на ДУИ го поздрави доделувањето на мандатот за формирање на новата реформска влада во согласност со Уставот.
„Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема, рече лидерот на ДУИ откако Заев, го доби мандатот од Иванов.
Ахмети најави дека клучната, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство ќе ја стави во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отворањето на нови работни места .