„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи се разоткриваат неговите незаконски дела“ соопштија од Вреди.
Како што наведуваат од коалицијата, во првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборниот процес со манипулации со гласот на Албанците.
Велат дека одлуката била донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК. Оттаму додаваат дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд докажал дека ДУИ манипулирала за време на изборниот процес.
„Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува Мултиетничкиот фронт да го претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас.
На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на Вреди.