622
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на денешната средба со амбасадорката на САД Кејт Брнз, го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку, како што соопштија од партијата, спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети.
-Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ – рекол Ахмети.
Во врска со спорот со Бугарија, тој ја истакнал „потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата“.