636
Лидерот на ДУИ Али Ахмети предмалку го напушти седиштето на СДСМ, каде се сретна со мандатарот Зоран Заев, со цел формирање на нова влада.
Ахмети не даде изјава пред новинарите во врска со денешната средба, најавувајќи дека јавноста ќе биде информирана преку партиско соопштение.
Во наредните денови треба да продолжат средбите на Заев со Ахмети, но и со лидерите на другите албански партии.