Ахмети: Институциите се ставени пред голем тест

by Фокус

Демократскиот капацитет и институциите на државата уште еднаш се ставени пред еден голем предизвик и важен тест, изјавил во однос на последните политички случувања лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со Ернст Реичел, специјален претставник на Германија одговорен за Југоисточна Европа, како и со германската амбасадорка во Македонија.

„Спроведување на Уставот, непристрасното и транспарентно владеење на правото заедно со политичката одговорност се потребни елементи за решавање на овој процес кој бара професионален интегритет од судските институции и медиумите. Нема двојни стандарди кога станува збор за толку чувствителни прашања кои можат да ја дестабилизираат политичката ситуација. Затоа меѓународната заедница директно да се вклучи во управувањето со ова прашање со цел да се гарантира интегритетот на процесот и да се добие доверливоста на сите инволвирани страни“, рекол Ахмети, соопштија од партијата.

Поврзани новости