Како Марија Андоновска се вработи на Стоматологија?

by Fokus

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен на 17-ти април 2012-та во дневниот весник „Фокус“ во бројот 126

Екс­пра­те­нич­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ, Ма­ри­ја Ан­до­но­вска, де­но­ви­ве ќе поч­не да ра­бо­ти ка­ко сто­ма­то­лог на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар, во ус­ло­ви ко­га на вра­бо­те­ни­те им се за­ка­ну­ва­ат со кра­те­ње на пла­ти­те и до 30 от­сто, не­о­фи­ци­јал­но доз­на­ва „Фо­кус“. Таа пред еден ме­сец би­ла при­ме­на на кон­курс во здрав­стве­ни­от дом „Бит-па­зар“, а се­га се пла­ни­ра неј­зи­но пре­фр­лу­ва­ње на Сто­ма­то­ло­ги­ја.

По­ве­ќе од ед­на го­ди­на врие ат­мо­сфе­ра­та на др­жав­на­та сто­ма­то­ло­ги­ја, ко­ја мо­мен­тал­но го до­жи­ву­ва сво­јот крах. Си­ту­а­ци­ја­та дош­ла до таа ме­ра што во кли­ни­ка­та не­ма са­пу­ни и ос­нов­ни ма­те­ри­ја­ли за ра­бо­та,  дол­го­ви­те се та­ло­жат, бу­џе­тот е на­ма­лен, а пар­ти­ски­те вој­ни­ци се­којд­нев­но па­ра­ди­ра­ат по ход­ни­ци­те.

До­ктор Ма­ри­ја На­ко­ва, пре­тсе­да­тел­ка на Сто­ма­то­ло­шка­та ко­мо­ра, ве­ли де­ка крај­но вре­ме е оваа кли­ни­ка да си го оправ­да сво­е­то име и во неа да ра­бо­тат ка­дри што си ја зна­ат ра­бо­та­та.

– Сто­ма­то­ло­шки­от кли­нич­ки цен­тар ста­на ква­зи­пан­дан на при­ват­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви, што не смее да си доз­во­ли да би­де. Та­му мо­мен­тал­но не по­сто­јат ни­ка­кви ус­ло­ви за ра­бо­та, тех­нич­ко-тех­но­ло­шка­та опре­ма е ру­и­ни­ра­на, не по­сто­јат ус­ло­ви по­треб­ни за из­вр­шу­ва­ње на сто­ма­то­ло­шки ус­лу­ги, а на 800 ква­дра­ти ег­зи­сти­ра­ат 400 вра­бо­те­ни и око­лу 670 сту­ден­ти – ве­ли На­ко­ва.

Спо­ред неа, ин­сти­ту­ци­и­те што обе­ди­ну­ва­ат три деј­но­сти, не мо­же да ги во­дат не­ква­ли­фи­кувaни лу­ѓе.

Ата­нас Шу­ков, пре­тсе­да­тел на син­ди­ка­тот на Сто­ма­то­ло­шки­от кли­нич­ки цен­тар, ве­ли де­ка кли­ни­ка­та то­не во огром­ни дол­го­ви, но не ја знае точ­на­та су­ма, би­деј­ќи ме­наџ­мен­тот и на нив­но ба­ра­ње не ги ин­фор­ми­ра што се слу­чу­ва та­му.

Во це­ла­та си­ту­а­ци­ја, го­лем проб­лем прет­ста­ву­ва и пре­вра­бо­те­но­ста на др­жав­на­та сто­ма­то­ло­ги­ја, би­деј­ќи за да се исп­ла­тат си­те пла­ти на вра­бо­те­ни­те, не стиг­ну­ва­ат па­ри­те кои кли­ни­ка­та ги до­би­ва од Фон­дот за здрав­ство. Пред ед­на го­ди­на, сто­ти­на сто­ма­то­ло­зи про­те­сти­раа пред сто­ма­то­ло­шки­те кли­ни­ки, жалeјќи се на кон­ти­ну­и­ран мо­бинг и при­ти­сок од ди­ре­кто­ри­те. Др­жав­на сто­ма­то­ло­ги­ја ус­пеш­но функ­ци­о­ни­ра по­ве­ќе од 50 го­ди­ни и на вре­ме­то прет­ста­ву­ва­ше столб на сто­ма­то­ло­шки­те ус­лу­ги.

Недо­стап­ни за „Фо­кус“

Струч­ни­от ди­ре­ктор на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки­от кли­нич­ки цен­тар, Ари­јан Да­ци, во из­ја­ва за „Фо­кус“, ни­ту ја по­твр­ди, ни­ту ја де­ман­ти­ра ве­ста за вра­бо­ту­ва­ње­то на по­ра­неш­на­та пра­те­нич­ка на ВМРО-ДПМНЕ  на сто­ма­то­ло­шки­те кли­ни­ки.

– Сѐ уште не­ма ни­што, а да­ли ќе има, ќе ви­ди­ме – истак­на Да­ци.

За фи­нан­си­ски­те проб­ле­ми, со кои се со­о­чу­ва оваа кли­ни­ка, струч­ни­от ди­ре­ктор нѐ упа­ти кај еко­ном­ски­от ди­ре­ктор Де­јан Или­о­ски, кој ко­га слуш­на од ка­де се ја­ву­ва­ме, ни ре­че да го по­ба­ра­ме по­доц­на, а по­тоа не кре­на те­ле­фон.

Поврзани новости