Овие избори мора да бидат кредибилни и не треба да бидат оспорувани од ниту една страна, ниту локално ниту меѓународно, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Хојт Брајан Ји.
– Изборите треба да бидат кредибилни, а политичките партии треба да си ја работат својата работа да нема притисок и заплашување на гласачите – рече Ахмети, додавајќи дека треба да се исполнат сите услови, вклучително и оние за регулација на медиумите.
Лидерот на ДПА, Мехдух Тачи, пак, истакна дека нема посилен аргумент за изборите да бидат фер и демократски од усполнувањето на Пржинскиот договор.
– Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ и друга алтернатива тука не може да функционира – порача тој.