ОМ: Власта не го пушта Љубе на слобода, иако ги исполнува условите

by Фокус

Власта не го пушта Љубе Бошкоски да излезе од затворот во Идризово иако сите услови за тоа се исполнети, реагираат денеска од Обединети за Македонија.

– Од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ е испратена порака до нивниот директор на затворот, Живко Пејковски по никоја цена да не се дозволи излегувањето на Љубе пред одржувањето на изборите. Стравот оди до таму што директорот Пејковски, злоупотребувајќи ја службената положба, му го ускратува законското право на Бошкоски, на скратување на затворската казна од три мeсеци, право што досега го добиле сите осудени лица – рече Марјан Огњановски од ОМ.

Тој најави и протести од следната недела доколку нивниот лидер не биде пуштен на слобода.

Поврзани новости