Ахмети и Села во Гостивар потпишаа договор за коалиција

by Fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, денеска во Гостивар го потпишаа договорот за коалиција. Тие заеднички ќе одат на парламентарните избори во 2024 година.

Досега се споменуваа некои имиња кои ќе се најдат на списокот на пратеници. Села ќе биде носител на листата во Изборната единица 5, а меѓу другите, од неговата партија се Елми Азири, Илире Даути, Наим Бајрами, но се очекува да има уште неколку имиња.

За Европскиот фронт, предводен од ДУИ досега потпиша Народното движење на Скендер Реџепи, потоа ДПА со Мендух Тачи и ЕДП на Аријанит Хоџа.

Договори се потпишани и со Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.

Поврзани новости