Соговорниците се согласиле дека главен предизвик на Македонија е решавањето на спорот за името и интегрирањето на државата во НАТО.
„ Ова прашање зазема важно место во американската политика бидејќи САД се најголемиот поддржувач на интеграцијата на Македонија во Евроатлантските структури. Ахмети го увери амбасадорот Волерс дека ДУИ ќе ја продолжи соработката со официјален Вашингтон кон остварувањето на нашата заедничка цел, но исто така ги покани САД да ги интензивираат напорите оваа пролет бидејќи тие се вистинскиот пријател на земјата и регионот и дека без интервенција на Вашингтон, тешко се решава овој проблем“, се вели во партиското соопштение на ДУИ.
Ахмети рекол дека опозицијата треба да се врати во Парламентот и „да придонесе во овие тешки времиња за иднината на земјата“.