Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

by Фокус

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за време на војната за независност на Косово.

„Денес го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, за да им дадам сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на УЧК. Правдата одложува, но не заборава“, напиша Ахмети на фејсбук.

- Advertisements -

Тој најави дека гордо ќе го пречекаат Тачи со пријателите кога ќе се врати, како што рече, како победник на правдата.

Поврзани новости