Ахмети гласаше „ЗА“ одземање на мандатот на Груевски

by fokus

По осум години поминати во коалиција, Али Ахмети го стисна зеленото копче „за“ во Собранието за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој правосилно е осуден на двегодишна затворска казна поради случајот „Тенк“, објави Независен весник.

Владејачкото мнозинство, сепак, не успеа да собере 80 гласа за да му го одземе мандатот на довчерашниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Со 58 гласа „за“, како и 29 „против“, парламентарниот спикер Талат Џафери констатираше дека Груевски останува пратеник.

Во салата отсуствуваа осумте пратеници на новата пратеничка група, која и претходно се изјасни дека нема да го поддржи барањето на власта против нивниот поранешен шеф. Не беше присутен ниту Груевски.

Поврзани новости