Мицотакис: Тоа што Ципрас ја прифати македонската нација за нас е неприфатливо!

by fokus

Лидерот на Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис вели дека за него и неговата партија останува неприфатливо прифаќањето на македонската нација и македонскиот јазик со Договорот од Преспа.

Во разговор за Дојче Веле, Мицотакис предупредува дека доколку актуелната грчка влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по избори.
Најголемиот проблем за Мицотакис е „македонскиот иредентизам“.

„Нашиот голем проблем со овој договор е што поврзувањето на сите негови елементи го зајакнува ткн. ‘македонски’ иредентизам“, вели Мицотакис.

„Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично“, оценува грчкиот опозициски лидер.

Тој уште еднаш повтори дека неговата партија нема да гласа за Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

Поврзани новости