Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера се обрати пред подмладокот на партијата во Чаир, од каде испрати неколку пораки како економска еднаквост и правна држава, но и неколку националистички пораки.
Ахмети рече дека албанскиот јазик ќе стане официјален јазик на целата територија на Македонија, а на СДСМ и порача дека нема право на албанските гласови и дека доцнат цели 15 години.
Лидерот на ДУИ истакна дека ќе дојде време кога Албанците ќе се борат за некоја неправда нанесена на Македонец, бидејќи Македоните ќе станеле малцинство.
Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, испрати порака до македонските партии и рече:
„Имам за вас директна порака од Али Ахмети: ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии. Наш единствен сојузник е албанскиот народ“.