593
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред малку со акламација беше реизбран на лидерската позиција за време на редовниот изборен конгрес во Тетово.
– Свесен сум која одговорност ми ја доделувате и нема да ја изневерам вашата доверба наредниве четири години – изјави Ахмети по изборот.
На конгресот учествуваа речиси 700 делегати, кои изгласаа нова програма составена од три столба – евроатлански интеграции, спроведување на Рамковниот договор и благостојба на народот.