Ахмети е убеден дека сме близу до решение за името

by Фокус

Али Ахмети денеска ја поздрави изјавата на медиаторот Метју Нимиц кој, како што повтори лидерот на ДУИ, потврдил дека преговорите не се однесуваат на идентитетот и на јазикот, туку само за името на државата. Ахмети денеска се обрати до медиумите по повод стоте дена од новата Влада во која тој е коалиционен партнер со ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние сме убедени дека сме многу блиско до решението, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне. Во овој правец, очекуваме целосна подршка и многу активна ангажираност од новиот состав на Советот на Европа, вклучително од Јункер, Могерини и до Јоханес Хан. Успехот на овој процес претставува заокружување на нашата заедничка инвестиција во Македонија, но истовремено ќе ги релаксира видливо и меѓуетничките односи како и имплементацијата на духот на Охридскиот Договор, ќе придонесе кон мирот, одржливата стабилност и сигурност во земјава и регионот, но и за економскиот развој. Се надеваме дека на 8 октомври, Комисијата за Проширување на ЕУ ќе ја повтори препораката за добивање на датум за преговори и се надеваме дека декемврсискиот самит на ЕУ ќе биде поттик за финалниот бран на преговори помеѓу Скопје и Атина – додаде Ахмети.

 

Поврзани новости