Претседателот на ДУИ Ахмети, смета дека СДСМ треба да учествува на претстојните избори.
„Ја повикувам најголемата опозициска партија да остане посветена на спроведување на обврските од договорот, а тоа значи и да учествува на изборите. Заеднички договоривме избори да има на 24 април. Најголемите партии имаат голема одговорност за државата и за граѓаните и треба да ги стават настрана партиските интереси“, порача преку Фејсбук Ахмети.
„Спроведувањето на договорот секако дека имаше свои предизвици, но поголемиот дел од обврските веќе се спроведуваат и се реализирани, а примената на реформите препорачани од Европската комисија ќе продолжи и по изборите. Ние сме посветени да и помогнеме на ДИК да ги врши задачите на време и да обезбеди еднакви услови на медиумите за партиите што учествуваат во изборниот процес“, напиша Ахмети.